Пон – Пет: 09:00 – 20:00 | Сабота: 09:00 – 17:00

  • Естетска медицина

PRP (Platelet-Rich Plasma)

PRP терапијата е природен медицинско-естетски третман што ја активира способноста на кожата сама да се обнови. Се користи плазма добиена од сопствената крв на клиентот, богата со фактори за раст, кои ја стимулираат регенерацијата, колагенот и обновата на ткивото.

PRP (Platelet-Rich Plasma) се добива со земање мала количина крв, која се обработува за да се издвои плазмата богата со тромбоцити. Таа плазма содржи природни фактори за раст кои, кога се внесуваат во кожата, го активираат процесот на обновување.

Третманот работи во длабочина – ја подобрува структурата на кожата, ја зголемува еластичноста и го поттикнува создавањето нов колаген.


За кого е наменет третманот?

  • За кожа што изгубила сјај и тонус
  • Кај фини линии и знаци на замор
  • За подобрување на текстурата на кожата
  • Кај нерамномерен тен
  • Кај опаѓање на коса и ослабен раст

Погоден е за лица кои бараат природен пристап без синтетички супстанци.


Што постигнува?

  • Ја активира природната регенерација
  • Го подобрува квалитетот и тонусот на кожата
  • Го поттикнува создавањето колаген
  • Ја враќа свежината и еластичноста
  • Кај коса – го стимулира растот и ја зајакнува влакното

Како изгледа третманот?

Процесот започнува со земање мала количина крв, која се обработува за да се добие плазмата. Потоа, со фини микроинјекции, PRP се внесува во кожата на целните зони.

Третманот е контролиран и индивидуално прилагоден. Кожата може да биде благо розева веднаш по сесијата, но тоа брзо се смирува.


Колку третмани се потребни?

За оптимални резултати се препорачува серија од 3–4 третмани, во интервал од 3–4 недели.
Потоа, третманот може да се повторува еднаш или двапати годишно како одржување.


Важно да се знае

PRP терапијата користи сопствен материјал од телото, што ја прави природна и добро прифатена. Се изведува со внимание и прецизност, според индивидуалните потреби.


Секој третман започнува со консултација.

Само така можеме да го избереме вистинскиот пристап за твоите потреби.