Нега прилагодена на тебе

Секоја кожа е единствена. Третмани избрани според твоите потреби

Погледни ги третманите

Рафинирана нега, создадена за твојата кожа

Персонализирани третмани што ја враќаат рамнотежата, сјајот и самодовербата

Закажи консултација

Каде грижата носи смиреност

Долгорочна нега, внимателен пристап и резултати што се чувствуваат

Дознај повеќе

Професионална нега за твојата кожа

Резервирај третман

Совршен подарок за секоја пригода

Избери ваучер

Нега што продолжува дома

Погледни

„За мене, убавината започнува со внимание кон деталите и почит кон индивидуалноста на секое лице.“

– Божана Христовска, основач и естетски експерт

Козметологија

Во Beldiva негата на кожата се базира на индивидуален пристап и видливи резултати. Секој третман се прилагодува според типот и состојбата на кожата – од хидратација и длабинско чистење, до третмани за нерамномерен тен и знаци на стареење.

Работиме со професионална козметика и современи техники за здрава, свежа и балансирана кожа.

Микроблејдинг

Естетската нега во Beldiva се темели на прецизност и природен изглед.
Божана е експерт за јапонската метода на микроблејдинг или трајно исцртување на веѓи, техника позната по фината линија и исклучително природните резултати.

Секој третман е внимателно планиран и целосно прилагоден на цртите на лицето, со цел веѓите да изгледаат меко, хармонично и автентично.

Ласерска Епилација

Во нашиот центар користиме Elysion Pro Cacoon – Sinclair, напреден диоден ласер за трајно отстранување на влакна. Благодарение на интегрираниот систем за ладење, третманите се брзи, ефикасни и комфорни, со минимално чувство на непријатност.

Погоден е за различни типови кожа и обезбедува долготрајни и сигурни резултати.

Рецензии

Вистински искуства на нашите клиенти

Многу професионален тим и пријатна атмосфера. Ласерската епилација беше изведена со голема грижа и внимание, ви благодарам за позитивното искуство.

Услуги:
Ласерска епилација, Лифтинг на трепки, Масажа

Весна Божиноска

Многу сум задоволна од услугите! Персоналот е професионален, внимателен и нуди персонализирана нега. Топло ги препорачувам на сите што бараат квалитетни третмани. ❤️

Услуги:
Депилација на тело, обликување веѓи, микроблејдинг, ламинирање веѓи

Ангела Гарабиљевиќ

Персонализирана нега и дома

Професионални креми и серуми препорачани од нашите експерти – создадени за долгорочна нега и видливи резултати.

Посетете нè

Ве покануваме да нè посетите и одблиску да се запознаете со нашиот пристап кон негата. Добијте персонализирана консултација и откријте третмани прилагодени токму за вас.

Погледнете ја нашата локација.