Неинвазивен третман
40-50 минути
Лице, врат, деколте
Madero масажата на лице е техника што користи специјално дизајнирани дрвени алатки за нежна, но ефективна стимулација на кожата и мускулатурата на лицето.
Третманот помага во подобрување на тонусот, лимфната дренажа и циркулацијата, со што лицето изгледа посвежо, поодморено и визуелно поцврсто. Пристапот е прилагоден – интензитетот и техниката се избираат според состојбата и чувствителноста на кожата.
За кого е наменет
- За кожа со губење на тонус и „уморен“ изглед
- За лица со отеченост, задржување течности и подочници
- За оние кои сакаат природен лифтинг ефект без игли
- За сите кои сакаат подобра дефиниција на контурите и свежина на лицето
Што постигнува
- Подобрување на микроциркулацијата и оксигенацијата на кожата
- Поттикнување на лимфна дренажа (намалување отеченост)
- Подобрување на тонус и еластичност
- Видливо посвеж изглед и подобра текстура на кожата
- Подобра дефиниција на контурите (овалот на лицето)
Како изгледа третманот
Третманот започнува со нежно чистење и подготовка на кожата, по што следи madero масажа со специјални дрвени алатки и техники насочени кон лимфна дренажа и лифтинг ефект. Се завршува со смирувачка/хидратантна нега и завршна заштита, избрани според состојбата на кожата.
Колку третмани се потребни
Во зависност од целта и состојбата на кожата, се препорачуваат:
- 1 третман за моментален „fresh“ ефект
- серија од 5–8 третмани за поизразен и подолготраен резултат
Точниот план се одредува по консултација.
Важно да се знае
Третманот нема време на опоравување.
Не се препорачува при активни воспаленија/иритации на кожата или веднаш по агресивни третмани – најдобро е прво консултација.
Секој третман започнува со консултација.
Само така можеме да го избереме вистинскиот пристап за твоите потреби.
