Минимално инвазивен третман
30-60 минути
Oчни капаци, брчки, стрии
Plasma Pen работи со микроплазма енергија која создава ситни точки на површината на кожата. Тие точки предизвикуваат моментално стегање и го поттикнуваат телото да создава нов колаген.
Резултатот е постепено затегната, поцврста и порамномерна кожа – токму таму каде што е потребно.
За кого е наменет третманот?
- За опуштени очни капаци
- Кај фини и подлабоки брчки
- За опуштена кожа на врат
- Кај стрии и лузни
- За локализирано затегнување без операција
Што постигнува?
- Видливо затегнување на кожата
- Подобрување на текстурата
- Намалување на брчки
- Стимулација на нов колаген
- Подмладен и поцврст изглед
Како изгледа третманот?
Кожата се подготвува и се нанесува локален анестетик. Со Plasma Pen уредот се создаваат ситни точки на целната зона. По третманот се појавуваат мали крастички кои природно паѓаат за неколку дена.
Кожата постепено се обновува и затегнува во наредните недели.
Колку третмани се потребни?
Во многу случаи е доволна 1 сесија. Кај подлабоки промени може да се препорача уште една по 6–8 недели.
Важно да се знае
Plasma Pen овозможува прецизна корекција без хируршки зафат, но бара краток период на заздравување. Резултатите се постепени и природни, а ефектот трае долго.
Ова е третман за оние што сакаат видливо затегнување – со минимална интервенција и максимална прецизност.
Секој третман започнува со консултација.
Само така можеме да го избереме вистинскиот пристап за твоите потреби.
