Минимално инвазивен третман
40-50 минути
Лице, врат, деколте, раце
Мезотерапијата е техника со која активните супстанци се внесуваат директно во средните слоеви на кожата – таму каде што кремите и серумите не можат да стигнат. Составот на коктелот се избира индивидуално, според состојбата и потребите на кожата.
Третманот делува во длабочина: ја подобрува хидратацијата, ја стимулира регенерацијата и ја буди кожата одвнатре.
За кого е наменет третманот?
- За дехидрирана и уморна кожа
- Кај губење на сјај и еластичност
- За нерамномерен тен
- Кај фини линии и први знаци на стареење
- Како превентивна грижа за одржување на свеж изглед
Погодна е за сите типови кожа, и за жени и за мажи.
Што постигнува?
- Длабинска хидратација
- Подобрен тонус и еластичност
- Освежен и израмнет тен
- Поддршка на природната регенерација
- Видливо посвеж изглед на кожата
Како изгледа третманот?
Кожата најпрво се чисти и подготвува. Потоа, со фини микроинјекции, активните состојки се внесуваат рамномерно во кожата. Процесот е брз и контролиран, со минимална непријатност.
По третманот, кожата може да биде благо розева, но изгледа посвежо и пополно. Во следните денови таа постепено станува поеластична и посјајна.
Колку третмани се потребни?
За оптимални и долготрајни резултати се препорачува серија од 3–6 третмани, во интервал од 2–3 недели.
Потоа, третманот може да се прави периодично како поддршка на кожата.
Важно да се знае
Мезотерапијата се изведува со внимание и прецизност, прилагодена на секоја кожа. Таа е одлична како самостоен третман или како дел од поширок план за нега и подмладување.
Секој третман започнува со консултација.
Само така можеме да го избереме вистинскиот пристап за твоите потреби.
