Минимално инвазивен третман
15-60 минути
Регија по избор
Ефикасен, безбеден и долготраен третман за отстранување на несаканите влакна со најсовремена диодна ласерска технологија. Elysion Pro ги таргетира влакнените фоликули со прецизни ласерски импулси, без да ја оштетува кожата, овозможувајќи мазна кожа и трајно намален раст на влакна.
За кого е наменет
- За сите кои сакаат долгорочно отстранување на влакна
- За оние што сакаат да се ослободат од бричење, восок и депилација
- Погоден за различни типови кожа и влакна
- За лице, пазуви, бикини зона, нозе, раце и други региони
Што се постигнува
- Долгорочни резултати со видливо намален раст на влакна
- Мазна кожа без врастени влакна и иритации
- Брз и комфорен третман благодарение на системот за ладење
- Без период на опоравување – веднаш се враќате на секојдневните активности
Како изгледа третманот
Третманот започнува со кратка консултација и проценка. Потоа се изведува ласерско третирање со прилагодени параметри според кожата и влакната, со континуирано ладење за максимална удобност.
Колку третмани се потребни
За долгорочни резултати, вообичаено се доволни 6 сесии, со интервали од неколку недели помеѓу нив.
Точниот план се одредува индивидуално, според типот на кожа и влакна.
Важно да се знае
- Третманот е неинвазивен и безболен
- Можно е краткотрајно црвенило по третманот
- Се препорачува користење SPF и избегнување интензивно сонце по сесиите
- Секој третман започнува со консултација за најдобри и безбедни резултати
Секој третман започнува со консултација.
Само така можеме да го избереме вистинскиот пристап за твоите потреби.
